Кони Боглис: „Крајно време е да се погрижиме за благосостојбата на ветераните“

Image.jfif

Кони Боглис, поборник за подобрување на животот на воените ветерани и нивните семејства. Source: SBS

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Кралската комисија за самоубиства на ветераните и припадниците на одбранбените сили ја одржа својата завршна церемонија на 29 август во Државната библиотека во Сиднеј на која присуствуваше и нашата соговорничка, добитник на признанието „Орден на Австралија“ Кони Боглис од Мелбурн.


Кони, која го има изгубено нејзиниот поранешен партнер, ветеран од војната во Авганистан во 2017 година вели дека комесарите на Кралската комисија во изминативе години имаат слушнато од над 5,000 припадници на Австралиските одбранбени сили и нивните сакани за траумата што ја имаат доживеано.

Кони својата лична трагедија ја претворила во платформа за застапување на правата на ветераните со фокус на подобрување на помошта во преодниот период и признание за улогата на членовите на нивните семејства.


Share